Украинците веќе ја користат сателитската интернет услуга на SpaceX наречена Starlink, а сега ќе добијат илјадници нови терминали.
Всушност се работи за повеќе од 10.000 антени кои пристигнуваат во Украина благодарение на европските земји кои ќе ги поделат трошоците.
„SpaceX и Илон Маск брзо реагираат на проблемите и ни помагаат. Маск не увери дека ќе продолжи да ја поддржува Украина. Кога изгубивме електрична енергија, му испратив порака тој ден, а тој веднаш одговори и презеде одредени чекори. Тој разбира ситуацијата“, изјави за Блумберг украинскиот вицепремиер Михаило Федеров.
Сепак, Украина ќе мора да најде дополнителни средства до пролетва.
Новите 10.000 терминали ќе се додадат на постоечките 22.000, а ќе се користат за „стабилизирање на врските во критични ситуации. Федеров додаде дека нема алтернатива за сателитски интернет.
Претходно есента, SpaceX побара од Министерството за одбрана на САД да ги преземе трошоците поврзани со Starlink бидејќи компанијата „не е во позиција да донира терминали на Украина или да ги финансира постоечките на неодредено време“.
Сепак, Маск го повлече тој став и истакна дека SpaceX ќе продолжи да ја финансира украинската влада бесплатно иако губи пари. Во ноември беше објавено дека цената на терминалот „Старлинк“ во Украина е речиси двојно зголемена од 385 на 700 долари, додека месечната претплата е намалена од 100 на 75 долари од почетокот на војната во февруари минатата година.
Поврзани артикли