Смартфонот OnePlus 11 ќе дебитира на 7 февруари, а сега неговите клучни спецификации се потврдени благодарение на кинеската агенција за сертификација TENAA, која ги објави на својата веб-страница.

OnePlus 11 доаѓа со 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz, а уредот се напојува со осум-јадрен процесор Snapdragon 8 Gen 2 со клокуван на 3,18 GHz. Процесорот е поврзан со 12 или 16 GB RAM или со 256 или 512 GB внатрешна меморија. Смартфонот се напојува од батерија од 4.870 mAh.

На предниот дел на „флегшипот“ се наоѓа селфи камера од 16 MP, додека одзади три камери, главната од 50, ултра-широката од 48 и телефото камерата од 32 MP.

Дебелината на OnePlus 11 е 8,52 mm, тежи 205 грама и поддржува 5G мрежа. Сензорот за отпечатоци е интегриран во споменатиот екран, а уредот го користи оперативниот систем Android 13.

Камерите се потпишани од компанијата Hasselblad, а овој модел доаѓа и со alert slider.

Дополнителни информации се очекуваат во наредните денови.