Има многу кои тврдат дека лозинките се една од најлошите работи на интернет, бидејќи се еден од главните чувари на сигурноста, но и една од најчестите причини поради кои корисничките податоци на крај ќе бидат компромитирани.

Токму поради наведените проблеми, Google планира да ги унапреди начините на кои корисниците се однесуваат кон лозинките, така што функцијата Password Checkup ќе добие на важност, откако Security Checkup dashboard ќе се имплементира во секој профил на Google. Тоа би требало да му застане на патот на најголемиот проблем – користењето на исти лозинки за сите профили, што е значајно, бидејќи со истражувањето од 2019. година е утврдено дека 52 проценти од корисниците ги користат истите лозинки на повеќе налози, додека 13% една лозинка ја користат за сите свои сметки.

И додека користењето на иста лозинка е сигурен начин да се запамети низата на броеви, букви и симболи за кои корисникот е сигурен дека никој не може да ги погоди, оваа пракса ги доведува во опасност приватните податоци. Имено, доколку лозинката протече, напаѓачот има пристап до сите профили на корисниците, а јасно е и дека напаѓачите веќе знаат дека голем број корисници имаат само една лозинка за се.