Превозничката компанија Uber не доби нова лиценца за работа во Лондон, објави регулаторот за превоз Transport for London (TfL), а пренесе Би-би-си.

Регулаторот смета дека апликацијата за превоз, која функционира како приватно такси, не е соодветен и валиден модел за лиценца и покрај тоа што направила голем број позитивни промени во Лондон.

Uber  ја изгуби лиценцата во Лондон поради безбедносни проблеми во 2017 година, но подоцна му беше продолжена уште 15 месеци.

Компанијата најави дека ќе поднесе жалба на решението и дека има право да продолжи да работи во текот на постапката.