Honor претстави три уреди од серијата 80 на својот дводневен настан во Кина.

Станува збор за моделите Honor 80 Pro и Honor 80, кои добија камери од 160 MP и процесори на Qualcomm и заоблени OLED екрани, како и Honor 80 SE како најприфатлив модел во серијата, кој доби Dimensity 900 процесор и главна камера од 64 MP.

Honor 80 Pro е ѕвезда на шоуто, има 6,78-инчен заоблен OLED екран со резолуција од 2.700 x 1.224 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Станува збор за 10-инчен панел со централно позициониран исечок во форма на пилула во кој се сместени селфи камерата од 50 MP заедно со секундарен сензор за длабочина од 2 MP.

Honor 80 доби малку помал заоблен OLED екран од 6,67 инчи со резолуција од 2.400 x 1.080 пиксели со брзина на освежување од 120 Hz. Во засекот на екранот има единечна селфи камера од 32 MP.

Honor 80 Pro се напојува со процесорот на Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1, иако се работи за малку „подклокувана верзија“ со основното Cortex-X2 јадро работи на 3,0 GHz наместо 3,2 GHz, додека трите Cortex-A710 Gold јадра се ограничени на 2,5 GHz во споредба со 2,75 GHz во случај на други телефони со ист процесор.

Honor 80 има процесор Snapdragon 782G кој го наследува Snapdragon 778G+.

Кога станува збор за камерите, Honor 80 Pro и Honor 80 ја делат истата примарна камера од 160 MP. Се работи за сензор од 1/1,56 инчи со отвор на блендата f/1,8. Honor го користи и својот Image Engine кој носи подобрени оптимизации на сцената, откривање текстура на кожата и подобрени AI RAW алгоритми. AI Vlog режимот е исто така достапен и наменет за креаторите кои ќе имаат понапредни контроли на нивните видеа.

Honor 80 Pro доби ултра-широка камера од 50 MP, а има и сензор за длабочина од 2 MP. Honor 80 има ултра широка камера од 8 MP и гореспоменатиот сензор за длабочина од 2 MP.

Двата уреди работат со MagicOS 7 базиран на Android 12 и се напојуваат со батерија од 4.800 mAh која поддржува брзо жично полнење од 66 W.

Honor 80 Pro и Honor 80 се достапни во црна, зелена, сина и розова боја. Цената на Honor 80 Pro со 8 GB RAM и 256 GB простор е 490 долари, додека верзијата со 12 GB RAM и 512 GB простор чини 573 долари.

Honor 80 со 8 GB RAM и 256 GB меморија чини 377 долари или 460 долари за верзијата со 12 GB RAM и 512 GB меморија.

Honor 80 SE има заоблен OLED екран од 6,67 инчи со резолуција FHD+ и стапка на освежување од 120 Hz и селфи камера од 32 MP. На задната страна се наоѓа главна камера од 64 MP, ултра широка камера од 5 MP и макро камера од 2 MP. Се напојува со процесор MediaTek Dimensity 900 и има батерија до 4.600 mAh со поддршка за жично брзо полнење од 66 W. Чини 335 долари и е достапен во црна, кристална, сина и розова боја.