Новата серија Galaxy A ја претставува најпопуларната категорија на паметни телефони на Galaxy, вистинска револуција на најновите иновации достапни за секого!

Конечно пролет! Времето е совршено за долги прошетки низ парковите, викенд на планина или езеро или посета на некоја европска дестинација од соништата. Сите прекрасни моменти кои ги искусуваме и живееме, несомнено мора да бидат запаметени засекогаш! Можеме ли да му пркосиме на времето? Со Samsung Galaxy А53 5G, A33 5G и A13,  ништо не е невозможно! Решението е во квалитетната камера и неверојатно издржливата батерија која никогаш нема да не изневери! Добредојдовте во светот на Galaxy А, одбере го вашиот омилен модел и безгрижно зграпчете ги сите убави нешта кои животот ги нуди.

Камера која ревносно ќе го чува секој посебен момент

Овековечете ги моментите за паметење со јасни детали со помош на главната камера од 50 MP на Galaxy A13. Проширете го аголот на гледање со ултрашироката камера. Приспособете го фокусот со камерата за продлабочување или доближете се до деталите со макро камерата. Слично како човечкото око, ултрашироката камера од 5 MP го гледа светот под агол од 123 степени, додавајќи повеќе перспектива на сè што снимате. Доближете се поблиску со Macro камерата од 2 MP и откријте ги детали кои инаку би ги пропуштиле. Сликите ќе бидат со  природен „bokeh“ ефект со што го истакнува она што го сликате од заднината. Depth Camera од 2 MP ви овозможува да ја контролирате длабочината на полето во сликите, а со приспособување на заматувањето на заднината ќе добиете квалитетни портрети . Со предната камера од 8 МР на Galaxy A13 и ефектот лесно ќе направите одлични селфи фотографии!

Камерата со повеќе објективи на Galaxy A53 5G и Galaxy A33 5G  ги носи сликите на следното ниво. Благодарение на четирите камери, главната од 64 MP кај А53 и 48 MP кај А33, ултра широката од 12MP  кај А53 и 8 MP кај А33, макрото од 5 MP и сензорот за длабочина исто така од 5 MP кај А53 и 2 MP кај А33 ќе добиете појасни и почисти слики. Светот не мора да стои мирен за да го доловите секој момент – камерата на А33 и А53 снима пофини видеа и помали детали, дури и при слабо осветлување. За забавата да биде целосна тука се AI Image Enhancer –  разубавувач на слики кој автоматски ги подобрува фотографиите, така што веднаш можете да ги разубавите.  А за најсмешните  моменти тука се новите Snapchat ефекти што редовно се ажурираат во режимот за забава.

Слушајте музика со најдобриот Dolby Atmos

Реалистичен surround-звук на вашата дланка – повеќе не ви е потребно студио за да имате просторно искуство. Задлабочете се во омилените филмови, песни и видеа со Dolby Atmos достапен во сите три модели што ја збогатува секоја нота со неверојатен детаљ и јасност.

Префинет дизајн за оние со истенчен вкус

Едноставноста го зазема тронот кај моделите на Galaxy A серијата . Galaxy A13 комбинира нежни бои со нежен изглед, а исто таков е и при допир. Префинетите облини овозможуваат удобно држење и лесна навигација на екранот. Помалку е повеќе кај  Galaxy А53 5G и A33 5G  – потенок и пософистициран со мат финиш, квалитетна рамка и беспрекорен отвор за камера со Ambient Edgeе. Дизјанирани да се истакнат!

Батерија која нема да ве изневери

Она по кое се препознатливи моделите на Galaxy A53 5G и А33 5G е несомнено нивната батерија . Управувајте го денот со батерија која нема да ви застане на патот. Батеријата од 5000 mAh овозможува да работите, патувате и уживате во функцииите без прекин. Докажано дека трае два дена, имате доволно време за стриминг, споделување, гејминг и многу повеќе. Брзо оживејте го својот Galaxy уред благодарение на супербрзото полнење од 25 W и овозможете приспособливо зачувување енергија за да го подобрите целокупниот перформанс на батеријата.

Отпорност на вода и прашина

Отпорни на истурање, прскање и плискање, но и оценети како IP67 за отпорност од вода и прашина, Galaxy A53 5G и А33 5G  се отпорни на потопување во слатка вода до 1 метар во време до 30 минути. А благодарение на дополнителната заштита од Gorilla Glass 5, овие уреди се поцврсти и помалку подложни на гребнатини.

Богато визуелно искуство поддржано од врвни перформанси

Galaxy A53 5G се напојува со процесор Exynos 1200, има 6,52-инчен FHD + AMOLED екран со стапка на освежување од 120Hz за максимално уживање во живописните детали, додека А33 5G може да се пофали со 90Hz за максимално глатко гледање. Со широкиот Infinity-O екран безгрижно може да гледате филмови, видеа и фотографии во  надворешни услови до 800 нити¹ и намалена сина светлина благодарение на Eye Comfort Shield. Генијален екран за супер непречено лизгање и „свиленкасто“ искуство на гледање, без заматување, со повеќе детали и живописен контраст.

Сите модели телефони имаат чиста моќ на обработка на податоци. Засилени со Octa-core процесор од 5 nm, вашиот Galaxy е изграден за да се справи и со најголемиот мултитаскинг досега. RAM Plus ги чита обрасците на користење и овозможува дополнителен виртуелен RAM за екстра засилување.

Galaxy A13 комбинира Octa-core моќ на процесирање со 3 GB/4 GB/6 GB RAM за брзи и ефикасни перформанси за она што го правите во моментот. Уживајте во внатрешно складирање од 32 GB/64 GB/128 GB и додајте уште најмногу 1 TB со МicroSD картичка. На 6,6-инчниот Infinity-V екран на Galaxy A13 со технологијата FHD+, содржината што ја гледаш секој ден изгледа изострено, чисто и јасно.

Вашиот Galaxy ве следи во секој чекор!

Поседувајте нешто вистински ваше. Приспособете го својот Galaxy А  со помош на One UI Core 4 и дајте му на телефонот модерен изглед што ќе одговара на вашата енергија. Креирајте алатка, токму по ваша мерка, што ќе ви помага за беспрекорно извршување на задачите и ќе направи омилените функции да ви бидат веднаш достапни. За вашата безбедност се грижи платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, го штити вашиот телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити вашите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.

Повеќе информации за овие модели можете да видите на:

Galaxy A53 5G https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a53-5g-awesome-black-256gb-sm-a536bzkleuc/

Galaxy А33 5G https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a33-5g-awesome-black-128gb-sm-a336bzkgeuc/

 Galaxy A13 https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a13-light-blue-128gb-sm-a135flbkeuc/