LG Velvet, кој претходно овој месец беше претставен во Јужна Кореја, сега почна да се појавува на пазарите на Европа и прикажан на сајтот на компанијата во Италија. Цената и достапноста на телефонот не се објавени засега.

Смартфонот го претставува новиот идентитет на брендот и новиот дизајнерски јазик за комапнијата LG, а инспириран е од природата. LG Velvet користи 6,8-инчен OLED дисплеј со засек во облик на капка, FHD+ резолуција и стерео звучници. На задната страна на уредот се наоѓа 48MP главна камера, заедно со 8MP ултраширок сензор и 5MP сензор за длабочина.

Уредот го покренува Snapdragon 765G чипсет, а достапни се 8GB RAM и 128GB простор за складирање на податоци. Батеријата со капацитет 4300mAh поддржува 25W брзо и 9W безжично полнење.

Телефонот има поддршка за IP68 о MIL-STD-810G стандарди, а LG продава Dual Screen и стајлус додатоци за LG Velvet.