Додека Apple се соочува со ограничувања во синџирот на снабдување со својата сегашна линија на iPhone уреди, корејскиот медиум TheElec објави дека Pro моделите следната година ќе донесат селфи камери од 48 мегапиксели во отвор на врвот на екранот. Се вели дека 6,06-инчниот iPhone 14 Pro и 6,7-инчниот iPhone 14 Pro Max ќе користат LTPO 120Hz OLED панели на LG Display  и ќе бидат единствените модели што ќе го имаат новиот изглед.

Стандардните iPhone 14 уреди, кои треба да се состојат од модели од 6,06 инчи и новата верзија од 6,7 инчи, сепак ќе имаат засек и нивните дисплеи ќе бидат испорачани од BOE. Почетните модели не се очекува да нудат LTPO екрани и стапка на освежување од 120 Hz.

Во текстот се предвидува дека BOE ќе започне со испорака на LTPO панели за iPhone 15 серијата во 2023 година. Се очекува Apple да донесе и ревидиран модел на iPhone SE 2022 со ист дизајн како сегашниот модел, но со дополнителна 5G конекција.