Експерименталната дивизија на компанијата LG, која ни го испорача Wing моделот, моментно работи на телефон со OLED дисплеј што може да се свиткува. Смартфонот ќе биде претставен следната година, а најновите гласини сугерираат дека се очекува во март.

Јужнокорејската компанија кај EUIPO (European Union Intellectual Property Office) поднесе трејдмарк барање за заштита на името LG Rollable, кое би можело да биде искористено токму за споменатиот телефон. Пријавата вклучува и неколку други варијации на името, како што се LG The Roll, LG Double Roll, LG Dual Roll, LG Bi-Roll и LG Roll Canvas.

Пријавата за заштита на името споменува дека во прашање е телефон, кој би можел да има и поддршка за паметно пенкалце. Сајтот LetsGoDigital креираше рендери кои покажуваат како би можел да изгледа претстојниот LG Rollable телефон.