Samsung го навести Galaxy Z Fold2 флексибилниот уред во видеото кое го најавува својот Unpacked настан, кој ќе се одржи на 5. август. За разлика од Galaxy Note20 линијата и Galaxy Watch 3 паметниот часовник, не се појавуваа многу информации за Galaxy Z Fold2 телефонот. Сега уредот се појави на фотографија во живо, која покажува расклопен дисплеј и го потврдува самото име на уредот.

Фотографијата потврдува дека Samsung ќе го измени името на Galaxy Fold наследникот, кој сега ќе биде именуван Galaxy Z Fold2 5G. Освен предната страна на телефонот, фотографијата не открива други детали.

Дисплејот во расклопена состојба делува дека е со слични димензии како кај оригиналниот Galaxy Fold. Во горниот десен агол на дисплејот е видлув нов punch-hole систем на камери, наместо огромниот камера систем кој го имаше претходниот модел.

Гласините од претходно сугерираат дека Galaxy Z Fold2 ќе има поголем надворешен дисплеј, а се очекува дека Samsung ќе обезбеди и посигурна шарка, како и подобар систем на камери, кој би можел да биде сличен на оној на Galaxy S20 серијата.

Тизер за Galaxy Unpacked ги открива сите претстојни уреди (ВИДЕО)