Европската вселенска агенција планира оваа недела да одобри тригодишна студија за да утврди дали големите соларни фарми во вселената можат да бидат функционални и исплатливи на Земјата.
Во следните три години, откако ќе биде прифатен планот, „вселенските шефови“ ќе истражуваат како безжично да пренесуваат електрична енергија од вселената до милиони домови на човечката планета.
Крајната цел е да има џиновски сателити во орбитата, секој способен да генерира иста количина на електрична енергија како електрана.
Патем, станува збор за иницијатива наречена Solaris, која доколку биде усвоена од ESA, ќе биде прва што ќе постави основа за практичен план за развој на вселенски систем за производство на обновлива енергија.
Јозеф Ашбахер, кој е генерален директор на ЕСА, изјави за Би-Би-Си дека верува дека сончевата енергија од вселената може да биде од „огромна“ помош во решавањето на идниот недостиг на енергија. Тој ја нагласи потребата од намалување на фосилните горива, наведувајќи дека верува оти е можно во вселената да се произведува електрична енергија за домаќинствата на Земјата.
Сончевата енергија може многу поефикасно да се собира во вселената бидејќи нема ноќ или облаци. Идејата постои повеќе од 50 години, но беше премногу тешка и премногу скапа за спроведување. До сега.