За да ја зголеми достапноста на полначите за електрични автомобили, Google Maps најави дека нивните локации ќе ги додаде на својата апликација. За почеток, ќе бидат ставени полначите на Tesla и на Chargepoint, за iOS и Android верзиите, додека за  поддршката за десктоп верзија ќе треба да се почека неколку седмици.

Од компанијата најавија дека ќе поддржуваат и различни мрежи за полнење во различни земји, а апликацијата ќе ги покажува полначите на EVgo, Blink и на emaConnect во САД; Chargemaster и Pod Point полначите во Велика Британија. Корисниците треба да ги пребаруваат со „EV charging“ или “charging stations“, при што ќе може да видат и колку приклучоци има на одредена локација.

Она што сепак нема да го има на Google Maps, е можноста да се провери дали некои станици за полнење се зафатени во моментот. Вкавата информација е важна, бидејќи за разлика од полнењето бензин, треба многу повеќе време за да се наполни еден автомобил со струја.

Потребно е доста време за да се наполни еден автомобил со струја до половина, а уште повеќе за да се наполни целосно. Социјалната компонента на апликации од типот на PlugShare, па дури и апликацијата на Chargepoint помага да се решат тие проблеми така што ќе се поттикнуваат возачите постојано да го апдејтираат статусот на полначите, проблемите и да понудат совети за најдобро полнење.