HMD Global неодамна ги претстави Nokia 2.4 и Nokia 3.4 паметните телефони, а наскоро се очекува и објава на Nokia 5.4 моделот. Сега сајтот 91Mobiles дојде до CAD рендери на уште еден смартфон на финската компанија. Изгледа дека Nokia 4.3 ќе пристигне наскоро, како наследник на минатогодишниот Nokia 4.2 модел.

CAD рендерите покажуваат дека Nokia 4.3 има засек во облик на капка во дисплејот. Димензиите на телефонот изнесуваат 162,9 x 77,1 x 10,5mm, а користи 6,5-инчен дисплеј. На задната страна се наоѓа систем со три камери и LED блиц. Сензорот за отпечатоци од прсти е исто така достапен на уредот.

Покрај наведеното, смартфонот има копчиња за вклучување и звук од десната страна на рамките, SIM слот од левата страна, а во дното се сместени 3.5 мм приклучок, USB-C порт и звучник.

Нема информации за останатите спецификации на Nokia 4.3 телефонот, а не е познато ни дали ќе биде претставен до крајот на оваа година или во текот на 2021.