Кинеската вселенска агенција (CMSA) објави дека во тек се последните подготовки за лансирање на леталото со екипаж Shenzhou-15, а за таа цел во зоната за лансирање е префрлен ракетниот носач Long March-2F.

Како што нагласија, капацитетите и опремата на лансирното место се во добра состојба, а според планот ќе бидат извршени различни проверки на функционалноста пред лансирањето како и заедничко тестирање.

„Се очекува мисијата Shenzhou-15 да лансира тројца астронаути во кинеската вселенска станица Тиангонг на шестмесечен престој. Тие ќе останат на станицата краток период со тричлениот екипаж на Shenzhou-14 пред да се вратат на Земјата“, пишува CGTN.

Како што нагласија, примопредавањето на должностите ќе се врши во станицата.

„Предавањето на должностите ќе трае меѓу пет и десет дена. После тоа, екипажот Shenzhou-14 ќе се врати дома. Се посветивме на деталите за да ја подготвиме новата мисија. Таа ќе биде лансирана во блиска иднина“, изјавија главниот дизајнер на вселенското летало Гао Ксу.

Во исто време, ова е прв пат Кина да лансира две вселенски летала Shenzhou во релативно ист период, што секако претставува дополнителни предизвици за вселенската програма на земјата.