Од компанијата Apple порачуваат дека тесно соработуваат со добавувачите за да ја вратат компанијата на нормално ниво на производство.

Клиентите на уредите iPhone може да очекуваат доцнење во испораката на овие производи поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот во производствената фабрика во Кина, предупреди компанијата Apple.

Производствениот партнер на Apple, фабриката за iPhone на Foxconn во Женгжу, Кина работи под ограничувања, што привремено влијае на примарната фабрика за склопување на моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Неодамна, имаше извештаи дека работниците во фабриката за склопување iPhone во Кина ја напуштиле фабриката откако бранот случаи на Ковид-19 ја принуди фабриката целосно да се затвори.

Компанијата Foxconn, официјалниот снабдувач на делови на Apple, има голем број работници во својот комплекс во Женгжу и не објави официјален број на заразени со вирусот Ковид-19.

Од Apple велат дека тесно соработуваат со добавувачот за да се вратат на нормално ниво на производство, а во исто време работат на обезбедување здравје и безбедни услови за секој работник.