Американската вселенска агенција НАСА објави серија фотографии на кои е прикажан епилогот од судирот на леталото ДАРТ со астероидот Диморфос.

Со оваа мисија НАСА сакаше да ја тестира својата планетарна одбранбена технологија, а целта беше да го смени курсот на астероидот. Фотографиите покажаа облаци од материјал кои се создадени по намерно предизвикан судир меѓу леталото и астероидот.

НАСА објави фотографии на кои се прикажани првите резултати од мисијата ДАРТ, која се одржа претходно оваа недела. Агенцијата наведува дека ова е „прв тест во историјата кој се однесува на употреба на вселенско летало за „одбивање“ на астероид.

Фотографиите се направени од телескопите Hubble и James Webb, а исто така е првпат два телескопи истовремено да снимаат исто небесно тело.

Астероидот стана се посветол на фотографиите направени 22 минути, пет часа и 8,2 часа по ударот на вселенското летало ДАРТ, а џиновските облаци изгледаа како да светат сино.

Други фотографии го прикажуваат астероидот пред самиот судар, како и неколку часа по судирот.

НАСА ќе продолжи да ги следи Диморфос и неговиот придружник Дидимос за да ги утврди ефектите од мисијата ДАРТ.