Според информациите на јужнокорејските медиуми, системот за камери на задната страна на Samsung Galaxy S22, најверојатно нема да има Time-of-Flight (ToF) сензор.

Сензорот ToF пресметува колку време му е потребно на рефлектираниот сноп светлина да стигне до сензорот, а тоа помага кај 3Д мапирањето за портрет фотографии и препознавање на лицата.

Споменатиот сензор го имаат Galaxy S10 5G, Note10+ и ланската S20 серија, но изостана кај Note 20 и Galaxy S21 линиите и се чини дека нема да го има ниту кај Galaxy S22 моделите.

Samsung смета дека на премиум телефоните на компанијата не им е потребен ToF  сензор, бидејќи во моментот нема битна цел. Сензорот може да се врати кога AR и VR апликациите  ќе стануваат попопуларни.

Освен изоставувањето на ToF сензорот, речиси ништо друго не е познато за Galaxy S22 серијата . Смартфоните најверојатно ќе бидат претставени во текот на првиот квартал на 2022 година.

Серијата би можела да користи Exynos процесор, базиран на AMD архитектурата. Samsung неодамна се здружи со јапонската компанија Olympus и останува да видиме дали Galaxy S22 серијата ќе го користи Olympus брендираниот систем на камери.