Најновиот смартфон што пред два дена го промовираше Apple – iPhone SE (2020) веќе е достапен за преднарачка преку онлајн продавницата на iStyle Македонија, единствениот Apple Premium Reseller во Македонија, лоциран во Скопје Сити Мол.

Доколку извршите преднарачка на новиот iPhone SE, ќе добиете 40 проценти попуст на оригинална Apple футрола, а изборот на футроли можете да го погледнете на следниот линк. iPhone SE е достапен во црна, бела и црвена боја, а верзијата со 64 GB простор за складирање чини 31.990 денари. Моделот со двојно повеќе простор (128 GB) можете да го набавите по цена од 35.990 денари, додека iPhone SE со 256 GB чини 43.990 денари.

Втората генерација на iPhone SE го носи истото име како и оригиналниот SE, а во бројни сегменти станува збор за iPhone 11, сместен во iPhone 8 куќиште. Со iPhone SE (2020) повторно имаме 4,7-инчен Ретина дисплеј, IP67 отпорност на вода и прав, класичен Touch ID сензор, поддршка за безжично полнење и една камера на задната страна. Покрај ова, корисниците сега ќе можат да купат евтин iPhone со најновиот A13 Bionic чип (истиот што го користат iPhone 11, 11 Pro и 11 Pro Max).

Посебен акцент е ставен и на камерата на новиот iPhone SE модел. Во прашање е 12MP сензор, кој на хартија има доста сличности со главната камера на iPhone 11. Двете камери имаат иста резолуција, f/1.8 отвор на бленда, објектив од шест елементи и сензори со фокус пиксели. За оние на кои видеото им е приоритет, SE има можност за снимање на 4К видео @60fps

Останатите карактеристики кои Apple ги споменува во врска со камерата на iPhone SE (2020), вклучуваат и поддршка за кинематска стабилизација на видеото. Кога е во прашање предната камера, таа има 7MP сензор, за стандардни селфи фотографии и bokeh портрети.