Креаторите на содржини повеќе нема да треба да се потпираат на надворешни алатки за да ги закажат своите објави на Инстаграм.

Инстаграм, наводно, тестира начин да овозможи закажување на објави и reels содржина во апликацијата.

Корисникот на Твитер @WFBrother објави скриншот што ја прикажува споменатата функција. Кога креирате нова објава или reel, корисникот може да оди во Advanced Settings, каде што може да ја вклучи опцијата „Schedule this post“.

Таму можете да ги поставите времето и датумот кога сакате да се појави објавата или reel-от. Доколку е потребно, можно е да се промени датумот на закажување за истата содржина.

Компанијата Мета, која е сопственик на Инстаграм, не објави кога функцијата ќе стане достапна за стандардните корисници.