Претстојните Galaxy Note20 телефони досега се појавија во голем број протечени информации и имаме прилично добра идеја за тоа како ќе изгледаат. Сега дојавувачот Ice Universe објави фотографија од футрола, кои го потврдуваат дизајнот и ни даваат некои дополнителни детали.

Фотографиите прикажуваат заштитна футрола за Galaxy Note20+ моделот, со пет отвори. Ова не е новост, бидејќи уште претходно дознавме дека смартфонот ќе има три камери, додека преостанатите два отвора се резервирани за 3D ToF senzor и LED блиц.

Фотографиите од долната страна на футрола прикажува четири отвори – еден за микрофон, еден за конектор, звучник и отвор за S Pen паметното пенкалце. Главната измена во однос на претходните Note телефони е дека S Pen слотот е поместен на левата страна.

Samsung на ваквиот дизајн можеби се одлучил поради позиционирање на копчињата за вклучување и звук, но останува да се види дали е така кога ќе биде официјализирана Galaxy Note20+ линијата.