Самсунг пред две години реши да претстави телефон кој ќе биде наменет за сите оние кои сакаат искуство за користење на водечки телефон Galaxy, но да платат помалку за него.

Во есента 2020 година, јужнокорејската компанија го претстави Samsung Galaxy S20 FE, а оваа година со големо задоцнување пристига и Samsung Galaxy S21 FE. Годинава се очекуваше и Galaxy S22 FE, но тоа нема да се случи, а наводно Samsung се откажа од FE телефоните.

Sammobile сега известува за причината поради која не лансираше телефон Galaxy S22 FE оваа година, како и за можните идни планови на Samsung за FE телефоните.

Популарниот портал наведува дека Samsung сепак не се откажал целосно од FE телефоните во иднина, туку само дека планираниот Galaxy S22 FE нема да пристигне оваа година. Порталот наведува и можни причини.

Имено, наводно една од главните цели на Samsung за оваа година била да ја зголеми продажбата на телефонот Galaxy S22 Ultra. Се одеше и оди се според планот, бидејќи Samsung бележи одлични продажни резултати за овој телефон. На почетокот на месецот се појави информација дека Samsung продал повеќе од 11 милиони телефони Galaxy S22 Ultra. Оваа бројка е далеку над најпродаваниот телефон Galaxy Note досега.

Наводно, токму Samsung Galaxy S22 Ultra е главната причина за непретставувањето на телефонот Galaxy S22. Поради недостаток на чипови, Samsung мораше да донесе одлука за кои телефони ќе бидат резервирани и одлуката падна на Galaxy S22 Ultra.

Samsung планирал да произведе три милиони Galaxy S22 FE телефони оваа година, но поради горенаведениот проблем, одлучил да го промени планот и да ги користи чиповите за Galaxy S22 Ultra.

На крајот од статијата Sammobile посочува дека Samsung не се откажал засекогаш од телефонот Galaxy FE и дека следната година ќе биде претставен Samsung Galaxy S23 FE.