Овие функции се засноваат на RCS, модерен протокол за пораки што поддржува побогати опции за текст, слики и видеа со поголема резолуција и овозможува end-to-end енкрипција.

Google става голем акцент на RCS (Rich Communication Services) и како што се забрзува прифаќањето на RCS, се воведуваат нови функции за подобрување на пораките помеѓу Android и iOS.

Благодарение на RCS, наскоро ќе може да се одговори на одредена порака од кој било дел од разговорот, под услов RCS да е овозможен, така што последователните одговори нема да го прекинат тековниот разговор. Корисниците на Android кои испраќаат пораки на корисниците на iOS ќе можат да одговорат на SMS на iPhone со свои емотикони. Исто така, ако некој испрати линк до видео на YouTube, тоа ќе може да се гледа од самата апликација Messages.

Гласовните пораки ќе можат да се читаат. Со помош на машинско учење ќе може да се транскрибираат гласовните пораки. „Да речеме дека сте во преполн простор и добивате аудио порака: транскриптите ќе ви овозможат да го „гледате“ аудиото како традиционалната текстуална порака“, посочува Google како што пренесува Bug.hr.

Ќе биде можно „интелигентно“ додавање ѕвездички на пораките за подоцна полесно и побрзо да се најдат. Дополнително, ако складирате нечиј роденден или годишнина во апликацијата за контакти, ќе добиете потсетник за него кога ќе ја отворите апликацијата Messages.

Сето ова е само дел од она што го најавува Google. Повеќе за веста може да дознаете во нивното соопштение.