Кога Европскиот парламент гласаше USB-C да стане заеднички стандард за полнење уреди во регионот, беше прилично очигледно која компанија ќе биде најмногу погодена.

Се разбира, тоа е Apple. Иако технолошкиот гигант веќе има модели на iPad со USB-C порти, неговите iPhone сè уште ја користат Lightning port. Сега, во интервју за Wall Street Journal, високиот потпретседател на Apple за глобален маркетинг, Грег Јосвијак, потврди дека технолошкиот гигант ќе се префрли на USB-C конектори за да се усогласат со регулативите на ЕУ.

„Очигледно ќе мораме да се усогласиме“. Вака Јосвијак одговори на прашањето дали Apple се префрла на USB-C.

„Немаме друг избор освен да се придржуваме до локалните закони“, рече Јосвијак. Сепак, тој не кажа дали Apple планира само да направи поинаква варијанта на конекторот за европскиот пазар, додека да продолжи да продава телефони со Lightning конектори на други пазари.

Apple претходно изрази загриженост за животната средина, така што не продава адаптери за полнење со нови уреди. Технолошкиот гигант рече дека ова ќе заштеди 861.000 тони метал, а исто така ќе заштеди и гориво, бидејќи повеќе iPhone-и може да се сместат во контејнерите за испорака.

Сепак, не сите беа убедени во објаснувањето на компанијата, а Apple беше казнет неколку пати во Бразил поради отстранување на адаптерот од пакувањето на iPhone.

Според новата одлука на ЕУ, Apple ќе мора да испорачува iPhone и iPad уреди со USB-C порти во тој регион до крајот на 2024 година.