Американската вселенска агенција НАСА неодамна ја претвори научно-фантастичната технологија во реалност кога предизвика судир на нејзиното летало со астероид, а сега се подготвува за уште еден голем подвиг.

Во мисијата DART, НАСА ја тестираше одбранбената технологија на планетата во случај на удар на астероид, а целта на мисијата беше да се промени траекторијата на астероидот Диморфос. Сега НАСА се свртува кон нова мисија, тоа е голем топлински штит на надувување, кој еден ден би можел да се искористи за безбедно распоредување на големи товари на Марс и другите планети во Сончевиот систем. Станува збор за нов тип топлински штит, успорувач на надувување наречен LOFTID, кој треба да биде лансиран во ноември.

Кога вселенското летало влегува во атмосферата на палетата, аеродинамичниот отпор ја претвора кинетичката енергија во топлина, што помага да се забави леталото додека се спушта на површината.

Атмосферата на Марс е многу помалку густа од атмосферата на Земјата, што го прави процесот на забавување на вселенското летало исклучително предизвикувачки, како што се покажа со слетувањето на роверот. Атмосферата е премногу тенка за да се забави леталото толку брзо како што би било на Земјата, а тоа значи дека влегувањето во атмосферата е многу поризично и бара поголема заштита отколку во случајот со нашата планета.

Токму затоа НАСА наскоро ќе го тестира LOFTID, со лансирање планирано за 1 ноември со помош на ракета ULA Atlas V.

LOFTID е всушност огромна кружна структура на надувување која е заштитена со флексибилен топлински штит. Дијаметарот на бродот е шест метри и ќе се користи како масивен систем за сопирање додека патува низ атмосферата. Тоа ќе создаде повеќе отпор отколку традиционалните, многу помали школки. Структурата е дизајнирана да му овозможи на вселенското летало да се забавува на повисоки надморски височини во горната атмосфера, што резултира со помалку интензивна топлина. НАСА тврди дека LOFTID ќе овозможи мисии на НАСА на различни локации како Марс, Венера и Титан, како и мисии за враќање на Земјата.

За време на мисијата планирана за 1 ноември, LOFTID ќе се надува додека се спушта од ниската орбита на Земјата. Ако се оди според планот, НАСА би можела да ја користи технологијата за време на идните мисии за слетување со екипаж и за испраќање роботски мисии на Марс, како и за враќање на потешки товари на Земјата.

Оние кои го гледаа слетувањето на роверот на НАСА, Perseverance на Марс веројатно ќе се сеќаваат на периодот опишан како „седум минути ужас“. За време на тие критични моменти, многу членови на контролата на мисијата се плашеа дека роверот вреден 2,7 милијарди долари нема да слета во едно парче. Масивната школка како LOFTID нема да ги елиминира сите ризици, но има потенцијал да ги направи слетувањата многу помалку опасни.