Најдлабоката точка на континенталната кора на Земјата е идентификувана на источниот дел на Антарктикот, под глечерот Денман.

Овој кањон исполнет со мраз достигнува 3,5 километри под нивото на морето. Откритието е илустрирано на новата мапа на Белиот континент.

Досега најниското тло на Земјата е измерено на брегот на Мртвото Море, а се наоѓа на само 413 метри под нивото на морето.

„Несомнено ова е најточниот портрет на тоа што се наоѓа под ледената плоча на Антарктикот. Рововите во океаните се подлабоки, но ова е најдлабокиот кањон на копното“, објаснува Метју Морлигем кој на овој проект работел 6 години.

Научниците неколку пати се обидуваа да снимат звук од дното на Денман, но безуспешно.

Извор: Klix.ba