Surface Duo телефонот на Microsoft е планиран за демонстрирање на единствениот дизајн со два екрана, но сепак е малку разочарувачки дека уредот нема да ги има најновите спецификации, како ни импресивна батерија и простор за складирање.

Сајтот Windows Central дојде до спецификациите на смартфонот, кој ќе се испорачува со постариот Qualcomm Snapdragon 855 чипсет, батерија со капацитет 3460mAh (што е прилично малку со оглед на тоа дека напојува два екрана) и опции за складирање од 64GB и 256GB.

Surface Duo има два 5,6-инчни дисплеја, кои можат да се ротираат за 360 степени и да се претворат во 8,3-инчен таблет кога уредот е расклопен. Ќе бидат достапни и 6GB RAM, 11MP камери за снимање фотографии и видеа од предната и задната страна, сензор за отпечатоци од прсти, USB-C и Nano SIM слот.

Уредот ќе се испорачува со Android 10, а по објавата ќе добие надградба на Android 11. Извештајот не споменува поддршка за NFC, ниту за безжично полнење.