Илон Маск отсекогаш имал големи идеи…
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави дека новиот модел на Cybertruck ќе биде „доволно водоотпорен за накратко да послужи како чамец што може да премине реки, езера и мориња кои не се премногу разбранувани“.
Во коментарот под објавата, Маск изјавил дека Cybertruck може да плови околу десет километри, пренесува Јутарњи.хр.
Cybertruck беше претставен на крајот на 2019 година и беше подготвен за производство и испорака на крајот на 2020 година, но компанијата неколку пати го одложуваше поради недостаток на простор за производство. И покрај тоа што дизајнот беше финализиран одамна, производството сè уште не е започнато поради недостиг на делови и ограничувања во синџирот на снабдување. Според последните информации, производството ќе започне на почетокот на следната година во Gigafactory во Тексас.
За потсетување, најмоќната верзија на Cybertruck има три електромотори, погон на сите тркала и достигнува 100 km/h за три секунди. Досегот е над 800 km со максимална брзина од 209 km/h.