Во изминатите неколку месеци Ferrari тестираше мистериозни прототипи базирани на моделот La Ferrari, па се претставуваше дека се работи за наследник на спомнатиот модел, а на крај излезе дека се тестира негово специјално и лимитирано издание.

Новото ремек дело на Ferrari ќе дебитира во периодот помеѓу 16 и 22 ноември. Ова ќе се случи на патеката Мугело во Италија.

Производството на моделот ќе биде ограничено во само 300 примероци, а во ноември ќе бидат познати сите детали.