Зад Tesla се прилично турбулентни недели. Освен најавата дека наскоро ќе го претстави Model Y, и дека Model 3 конечно може да се нарача по одамна ветената цена од 35.000 долари, во компанијата веќе традиционално се борат со финансиите. Елон Маск неодамна најави дека компанијата ќе го напушти традиционалниот начин на продажба на автомобилите во салони, туку дека речиси целиот промет ќе се оставрува преку веб продавноцата. Тоа за последица требаше да има отпуштање на работници, затвоарње на салони во САД и конечно – нешто поголема профитабилност.

Меѓутоа, откако оваа вест предизвика лавина негативни реакции, во Tesla сепак одлучија да ги остават своите продавници, во кои можат да се купат автомобилите. Одлучено е да бидат затворено само најмногу 20 проценти од нив, и тоа оние кои не се исплатливи, за што ќе биде одлучено во следните неколку месеци.

За возврат, компанијата ќе мора на други места да ја поправи својата финансиска слика. Поради тоа, се проширија информации дека компанијата ќе ги зголеми цените на своите возила за околу 3 проценти во просек. Моментните цени ќе бидат на сила само до 18. март, а потоа ќе вредат нови, со пресметаното поскапување. Единствениот модел кој нема да поскапи ќе биде Model 3 по цена од 35.000 долари, кој само што почна со продажба.