Компанијата Honor соопшти дека својата Honor 50 серија смартфони ќе ја претстави во текот на овој месец.

Настанот е закажан за 16. јуни и ќе биде одржан во Шангај во Кина. На социјалната мрежа Weibo објавен е тизер кој ја најавува Honor 50 серијата, но не ги открива спецификациите. Навестен е само кружен дизајн на камерите.

Основниот модел ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 778G процесорот, како и Pro верзијата, додека Pro+ би требало да го добие Snapdragon 888.

Споменатиот Honor 50 Pro+ ќе добие 6,79-инчен QHD AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz, 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија и батерија од 4.400 mAh, која поддржува 66W жичано и 50W безжично полнење.

Однапред ќе има две камери, една од 32 и друга од 8 MP, додека одзади ќе се наоѓа главна камера од 50, ултраширока од 13 и телефото од 8 MP и 3D ToF сензор.