Google направи неколку интересни промени во својата продавница за апликации во врска со рецензиите на апликациите.

Така, во иднина на корисниците на Google Play Store ќе им се прикажуваат само оние рецензии кои се релевантни за уредот што го користат – од телефони со Android, таблети, Android Auto и други уреди.

Делот за преглед на Google Play Store сега ќе прикажува известувања кои нагласуваат дека апликациите се рангирани врз основа на рецензии од луѓе кои користат ист тип на уред како и корисникот што ја бара апликацијата.

Треба да се напомене дека прегледите на Play Store ќе бидат подредени по тип на уред, но нема да има сортирање по одреден модел на уред.

Новата опција особено ќе им одговара на корисниците на флексибилни, односно на виткање, телефони и таблети, чија популарност се зголемува.