Honor неодамна претстави неколку телефони од Honor 30 серијата. Кон крајот на март е објавен Honor 30S, а потоа минатиот месец беа претставени Honor 30, Honor 30 Pro и Honor 30 Pro+ моделите. Сега новите протечени информации сугерираат дека пристигнува уште еден модел од Honor 30 серијата.

Дојавувачот кој дојде до овие информации тврди дека во прашање е Honor 30 Lite, а дека телефонот би можел да биде претставен до јуни или јули.

Во овој момент нема информации за спецификациите на Honor 30 Lite моделот. Неговиот претходник користеше Kirin 710 чипсет, што сугерира дека Honor 30 Lite би можел да има Kirin 810 чипсет.