Апликацијата Google Translate за Android и iOS доби поддршка за офлајн преводи со помош на вештачката интелигенција. Тоа би требало да овозможи попрецизни преводи во ситуации кога не можете да се потпрете на  интернет конекцијата.

На почеток, поддршката ќе биде достапна за 58 јазици, вклучувајќи неколку европски јазици, индискиот јазик, како и арапскиот, јапонскиот и кинескиот. До 15 јуни би требало да биде достапна за сите.

Поддршката за секој јазик ќе зазема 30 до 40 мегабајти повеќе од меморијата, а би требало да можат да ја користат и сопствениците на поевтини паметни телефони.

Извор: Engadget