LG Velvet беше објавен во Јужна Кореја уште минатиот месец, а телефонот имплементира нов дизајн јазик, „raindrop“ камера модул на задната страна и интересни опции на бои. LG сега објави дека Velvet на останатите пазари ширум светот пристигнува во текот на јуни, а достапноста постепено ќе се шири во следните недели.

Засега се уште не е познато колку телефонот ќе чини на глобалните пазари, но јужнокорејската цена изнесува околу 740 долари по моментниот курс. LG Velvet ќе биде достапен и на европските пазари, на најпрвин ќе се појави во Шпанија, Италија и Германија.

LG Velvet го карактеризира 6,8-инчен Full HD+ (2460 x 1080) P-OLED дисплеј, Snapdragon 765 5G čipset, 6GB RAM, 128GB простор за складирање, три камери на задната страна (48MP + 8MP + 5MP) и 16MP селфи сензор. Ќе постои и 4G варијанта на телефонот во зависност од пазарот и провајдерот, со ексклузивни Aurora Silver и New Black бои.