Јужнокорејската компанија Samsung денеска со почеток во 20 часот по македонско време ќе ги претстави новите смартфони од Galaxy S10 серијата, а порталот USB.mk ексклузивно од Сан Франциско ќе го следи настанот наречен Unpacked.

Презентацијата се одржува во арената Bill Graham Civic Auditorium, а покрај новите модели од Galaxy S10 серијата, информациите велат дека Samsung може да претстави нов паметен часовик, безжични слушалки, а она што можеби и предизвикува најголемо внимание е очекуваното официјално претставување на Galaxy Fold, уредот со екран на превиткување.

Преносот од настанот во Сан Франциско може да го следите на следниот ЛИНК, а по завршувањето на настанот, од лице место ќе ги дознаете сите информации за претставените уреди.