Според истражување што го спроведе Quartz, телефоните со Android праќаат податоци за локацијата до Google, без разлика дали таа опција е вклучена или не.

Некои адвокати велат дека ова ги прекршува правилата на приватност на корисниците.

Од Google тврдат дека овие информации не се задржуваат, туку постојат надлежни лица кои ги бришат истите откако ќе бидат обработени, како и дека овој проблем ќе биде исправен со новата верзија на оперативниот систем Android.

Проблемот се случува кај сите уреди кај кои апликацијата Google Play Services работи во позадина. Истата оваа апликација е потребна за да работат голем дел од останатите апликации на телефонот, па затоа е стандардно инсталирана на секој телефон со Android.

Смартфоните ја пренесуваат оваа информација и кога опцијата за споделување на локацијата е исклучена, па дури и кога телефонот работи без SIM картичка.

Според Google, ова е грешка во софтверот која може да биде исправена, но исто така велат дека биле свесни за истото и дека информациите кои ги собрале во текот на минатите 11 месеци може да им бидат корисни како „додатна информација која ќе им помогне при побрзото доставување на пораки“.

Извор: Klix.ba