Минатата недела Google започна со испорака на функција која ќе им овозможи на гејмерите да лансираат игри од cloud директно од резултатите од пребарувањето.

Доколку корисникот едноставно го бара името на играта во Google Search, може да му се покаже копчето „Play“ преку кое е можно веднаш да ја започне играта.

Она што е интересно, функцијата не е ограничена само на cloud услугата Google Stadia. Во извештајот се споменува дека опцијата работи и со услугите Amazon Luna, Xbox Cloud Gaming и Nvidia GeForce Now.

Има и некои услови. Корисникот мора да биде најавен на сметка поврзана со овие cloud гејминг услуги. Исто така, функцијата не работи со сите игри во моментов.

Засега не е познато кога Google планира да ја направи функцијата достапна за сите и во целост. Можно е компанијата моментално да тестира опција која наскоро ќе биде имплементирана.