Компанијата HP претстави два нови Chromebook модели. Меѓу нив е и моделот Chromebook x360 14c, кој го претставува најмоќниот Chromebook уред досега, со почетна цена од 499 долари.

Chromebook x360 14c има исклучително тенки рамки од трите страни, со вкупен screen-to-body однос од 88 проценти. Се работи за конвертибилен уред, што значи дека нуди поддршка за USI паметното пенкалце, таблет мод и други карактеристики кои се очекуваат од Chrome OS платформата.

За премиум перформансите на лаптопот се задолжени Intel Core i5 процесор од 10. генерација од Comet lake семејството, до 8GB RAM и до 128GB eMMC простор за складирање. HP ветува до 13,5 часа работен век на батеријата, а до 50 проценти батеријата се полни за 45 минути.

Во долниот сегмент на HP понудата се наоѓа Chromebook 11, со почетна цена од 219 долари. Лаптопот го покренува двојадрен Celeron процесор, 4GB RAM и 32GB eMMC интерна меморија. Уредот поседува 11,6-инчен HD екран со осветлување од 220 нита.

Двата HP Chromebook уреда се очекуваат во продажба од овој месец, преку сајтот на HP и другите малопродажни синџири.