Минатата недела се појавија информации дека OnePlus 8T би можел да биде претставен на 14. септември, а сега Amazon Indija го потврди истиот датум на објава на смартфонот, заедно со конфигуациите на меморија на уредот.

OnePlus 8T се очекува со 6,55-инчен AMOLED екран, 32MP селфи камера и 120Hz стапка на освежување. Телефонот ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет, во комбинација со 8GB и 12GB RAM, како и 128 и 256GB простор за складирање.

Системот на камери на задната страна ќе го сочинува 48MP главен сензор, 16MP ултраширок модул, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина. OnePlus 8T ќе го напојува 4500mAh батерија со поддршка за 65W Warp полнење.

OnePlus 8T пристигнува со OnePlus Buds Z TWS слушалки, а телефонот ќе биде претставен на онлајн настан.