Xiaomi не запира на пазарот и постојано исфрлува новитети. Најновото од кинескиот производител е оваа нова надворешна батерија ZMI Aura од 20.000 mAh. Во прилог на високиот капацитет, таа има и USB Type-C приклучок, индикатори кои го покажуваат преостанатото време за полнење во проценти и двонасочно брзо полнење.

Батеријата е направена од мат пластично куќиште и наместо традиционалните четири LED диоди му овозможува на корисникот целосен приказ на преостанатиот полнеж во проценти. Четирите нови конектори: микро USB, USB Type-C за полнење на самата батерија и два USB со големина за други уреди му даваат посебна универзалност. Споредено со претходниот модел, максималната моќност за брзо полнење е зголемена од 18 до 27 вати. Надворешната батерија ZMI Aura ќе се продава од денеска по цена од 29 долари.