Новата GDDR6 меморија на Samsung имплементира нови производствени технологии и напредни материјали за изолација и обезбедува брзина до 24 Gbps.

Samsung објави дека започнал со испорака на првиот индустриски GDDR6 DRAM, кој овозможува брзина на обработка на податоци до 24 гигабити во секунда (Gbps).

Меморијата е создадена во 10-нанометарскиот процес на производство на Samsung и е дизајнирана значително да ги подобри перформансите на следната генерација графички картички, лаптопи и конзоли за игри, како и апликации базирани на вештачка интелигенција и HPC системи.

Samsung наведува дека новата GDDR6 меморија ќе овозможи 30% поголеми брзини во споредба со претходните мемориски производи од 18 Gbps. Кога е интегриран во премиум графички картички, GDDR6 DRAM може да пренесе до 1,1 TB (терабактот) податоци или околу 275 Full HD филмови за помалку од една секунда.

Јужнокорејскиот гигант планира да ги комерцијализира GDDR6 DRAM со 24 Gbps во GPU платформите во наредниот период.