Се појавија гласини за потенцијалната цена за основниот модел iPhone 14, кој се очекува во септември.

Според извештаите, основниот модел на iPhone 14 би требало да има цена од 799 долари, што е иста како основната верзија на iPhone 13.

Медиумите од Јужна Кореја сугерираат дека Apple нема да ја зголеми цената на поевтиниот модел од серијата iPhone 14. Според извори, целта е да се зголеми продажбата на основниот модел.

Претходно дознавме дека iPhone 14 се очекува со екран од 6,1 инчи, како и неговиот претходник. Линијата треба да ги вклучува и Phone 14 Pro, iPhone 14 Max, како и 6,7-инчниот iPhone 14 Pro Max.

Pro-моделите би требало да се напојуваат со новиот чипсет A16 Bionic, додека другите модели ќе го користат актуелниот чипсет A15. Покрај тоа, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max треба да имплементираат овален или издолжен отвор за предната камера и сензорот за идентификација на лице.