Ishan Agarwal (во соработка со сајтот MySmartPrice) и WinFuture дојдоа до наизглед официјалните фотографии од претстојните Samsung Galaxy Note10 i Galaxy Note10+ модели.

Двата модела се прикажани со уште потенки рамки од Galaxy S10 серијата, со својот концепт на целосен екран. Повеќе правоаголниот дизајн пристигнува со речиси без никакви рамки и единствено што го нарушува all-screen дизајн е punch-hole камерата сместена на средина од горниот дел на дисплејот.

На задната страна се присутни три камери, а дизајнот на стакленото куќиште покажува градиенти на бои. Се очекува дека сензорот за отпечатоци повторно ќе биде сместен под дисплејот. S-Pen ќе пристигне во сина или црна верзија, во зависност од бојата на самото куќиште.

Протечените фотографии не откриваат информации за тоа што се наоѓа во внатрешноста на телефонот. Гласините од порано сугерираат Snapdragon 855 чипсет (или Samsung Exynos во зависност од регионот), 8GB или повеќе RAM и голем простор за складирање. Galaxy Note10+ со 5G поддршка ќе пристигне во 256 GB, 512 GB и 1 TB варијанти).