На FCC сајтот за сертификација се појави Xiaomi телефон од наредната серија. Се чини дека полека се приближува крајот на Redmi 9 серијата, која ќе ја замени Redmi 10. Сега е сертификуван Redmi Note 10 Pro.

Redmi Note 10 Pro се појави со број на модел M2101K6G, а листингот открива поддршка за MIUI 12 од самиот старт, што би можел да биде заснован на Android 11. Се чини дека станува збор за 4G варијанта на телефонот, бидејќи во листингот не се споменува поддршка за 5G.

Покрај ова, списокот потврдува дека телефонот ќе има неколку опции за меморија и складирање: 6GB + 64GB, 6GB + 128GB и 8GB + 128GB.

Засега, најголем дел од карактеристиките на Redmi Note 10 Pro остануваат мистерија, а уредот се појави и на страницата за сертификација, што укажува дека сигурно ќе биде објавен на индискиот пазар.