Facebook во март оваа година ја претстави функцијата Stories (која практично е клон на Snapchat Stories). Корисниците се во можност да објавуваат видео и фото содржини во својот Facebook Story feed, а се што ќе биде објавено изчезнува наредниот ден.

Досега корисниците на Facebook можеа да споделуваат Stories само со своите пријатели и селектираните контакти на мрежата. Сега е овозможено и јавно споделување на содржините на Stories.

Оваа можност би требало значајно да ја подобри видливоста на Facebook Stories содржините. На корисниците ќе им биде овозможено содржината да ја делат со оние кои не им се во контакт листата. За да ги поделат Facebook Stories јавно, корисниците мораат да одобрат јавни следачи и да ги објавуваат своите приказни јавно за сите следбеници да ја видат содржината.