Meta, Google, Twitter и Microsoft се договорија да бидат построги кон дезинформациите, како и против лажни налози во согласност со ажурираниот кодекс на практика на Европската унија.

Повеќе од 30 потписници, вклучително и рекламни тела, го потпишаа ажурираниот Кодекс на пракса за дезинформации, објави Европската комисија, пренесе Ројтерс.

Потписниците се согласија да направат повеќе за да ги потиснат лажните налози и политичкото рекламирање, а непочитувањето на мерките може да доведе до казни до шест отсто од глобалниот промет на компанијата, соопшти ЕК.

Компаниите имаат рок од шест месеци да ги одржат ветувањата, а извештајот за напредокот треба да биде објавен на почетокот на 2023 година.