OnePlus почна со тизери за новитети, со ознака и хаштаг #NewBeginnings на Twitter. Двата соосонвача на компанијата сугерираа објава на нови производи. Сега компанијата најави дека наскоро ќе биде објавена нова серија паметни телефони.

Компанијата преку OnePlus форумот истакна дека премиум искуството на смартфони планира да го имплементира преку нова и подостапна смартфон линија. Истакнато е дека новата серија на телефони најпрвин ќе биде претставена во Европа и Индија.

Новиот производен тим го предводи Пол Ју, кој досега беше шеф на развој за хардвер во OnePlus, за премиум телефоните кои од производните погони на компанијата излегоа во претходните пет години.

Новата производна линија би можела да го носи името „Nord by OnePlus“, кое доби трејдмарк во март оваа година. Не очекува и објава на OnePlus Z телефонот, која ќе биде одржана на 10. јули во Индија.