Во претходните години, мобилните игри забележаа рекордна експанзија, а гејмерите потрошија рекордни пари за купување на мобилни игри.

На оваа состојба на пазарот дополнително влијаеше пандемијата, па се предвидува дека играчите ќе потрошат околу 136 милијарди долари на игри на телефони во 2022 година. Тоа е рекорд, бидејќи гејмерите никогаш не потрошиле толку многу на мобилни игри.

Веќе неколку години, мобилните игри бележат експоненцијален раст, како по бројот на играчи, така и според заработката, односно трошење пари на содржина во овие игри.

За споредба, во 2019 година, играчите потрошиле не помалку од 60 милиони долари на мобилни игри. Аналитичките компании предвидуваат дека мобилните игри ќе донесат најмалку 136 милијарди долари во 2022 година.

Севкупно, игрите за Android и iOS сочинуваат 61% од глобалниот пазар на видео игри. Само во првиот квартал од оваа година, гејмерите на мобилни уреди неделно трошеле 1,6 милијарди долари.

Од друга страна, пазарот на игри на компјутери и конзоли не забави, а се очекува заработка од 42 милијарди и 40 милијарди долари. Севкупно, индустријата за видео игри се очекува да има вкупна вредност од околу 222 милијарди долари во 2022 година.