Motorola го најави телефонот One Fusion Plus, својот втор уред со pop up селфи камера, и тоа само шест месеци откако се одлучија за вакво решение кај моделот One Hyper. Баш како и кај тој смартфон, One Fusion Plus има екран од 6,5 инчи со 1080p, но тука се и бројните подобрувања.

Најголемата промена е видлива на задната страна на уредот, каде се сместени четири камери, кои ги сочинуваат главната леќа од 64 мегапиксели, широкоаголната од осум мегапиксели, пет мегапикселната макро камера и сензорот од 2 мегапиксела за длабочина. Селфи камерата е опремена со леќа од 16MP.

Подобрувањето е видливо и кај батеријата која има капацитет од 5,000mAh, а сето ова ги следи 6GB RAM, со побрз Snapdragon 730 процесор. Овој телефон има FM радио, како и влез за слушалки од 3.5 мм, а тука е и опцијата за брз полнење, но само на 15W. Motorola One Fusion Plus во продажба би требало да се појави кон крајот на месецот, и тоа по цена од околу 300 евра.