Експериментот за чиста енергија познат како „вештачко сонце“ достигна нова рекордна температура.

Целта на кинеската програма е да ги имитира природните реакции кои се случуваат во ѕвездите, а сега „вештачкото сонце“ достигна рекордна температура од 70.000.000 степени,

Experimental Advanced Superconducting Tokamak (EAST), познат како „вештачко сонце“, ја достигна споменатата температура која е пет пати повисока од температурата на Сонцето и ја задржа подолг период од 17 минути. Се верува дека температурата во јадрото на нашето Сонце е околу 15.000.000 степени.

Информациите за значајното достигнување ги сподели Гонг Ксијанзу, истражувач на Институтот за физика на плазма при Кинеската академија на науките (ASIPP).

Целта на проектот EAST е да се развие технологија која може да испорача речиси неограничена чиста енергија со имитирање на реакциите што се случуваат во нашето Сонце и другите ѕвезди. Експериментите се спроведуваат во Хефеи, провинцијата Анхуи.

Програмата користи нуклеарна фузија, судир на атмосферски јадра за да создаде огромна количина на енергија, со што се реплицира фитика на ѕвездите. За разлика од нуклеарната фузија, која се користи за конвенционална нуклеарна енергија, во овој случај нема опасен отпад.